Последни часови од преодниот рок – Барселона е најактивна, можни се неколку „бомби“

Денеска во Европа завршува летниот преоден рок. Во Италија и Германија тој ќе трае до 17 часот, Шпанија и Англија дозволуваат регистрација на играчи до 23, додека рокот за трансфери во Франција ќе трае до точно на полноќ.

Барселона е клубот каде што ќе биде најактивно бидејќи се очекуваат неколку заминувања, но и доаѓање на Маркос Алонсо од Челзи.

Сержињо Дест и дефинитивно ќе замине на позајмица во Милан, со право на откуп во вредност од 20 милиони евра, а во другиот дел од Милано, во црно-синиот се очекува да пристигне искусниот Жорди Алба.

Останува да се види и ситуацијата со Кристијано Роналдо и дали ќе си замине од Манчестер јунајтед.

Во секој случај за вистинските фанови на фудбалот, наредните часови ќе бидат и навистина возбудливи.

 

- Оглас -

Најнови вести