Последни подготовки: Насмевки на лицата, нека падне и Естонија (фотогалерија)

Фудбалската репрезентација на Македонија ги комплетираше последните подготовки за дуелот против Естонија кој е закажан за утре на програмата од третото коло во Лигата на нациите.

Рисовите во Талин дојдоа по трета победа против Естонија во исто толку гостувања, откако претходните генерации на Македонија запишаа два триумфи во 2004 и 2006 година, во пријателски меч со 4-2 и квалификациски дуел за ЕП со минимални 1-0.

Поради тоа, но и поради остварената победа над Косово пред два дена, во составот на Игор Ангеловски владее добро расположение и намерата е да се одржи на високо ниво.

Македонија не е комплетна за претстојниот меч, во тимот недостасуваат Аријан Адеми, Егзон Бејтулаи и Кристијан Тошевски поради повреди, додека пак Стефан Ристовски тренираше одвоено од групата поради ситна повреда на ногата, но би требало да биде подготвен за мечот.

 

- Оглас -

Најнови вести