Последни подготовки пред ЕП, квалификации за СП се играат во Азија и во Африка (Фото)

6716 Португалија – Ирска (20:45)

Репрезентацијата на Португалија по поразот од Хрватска, ќе има можност за поправен против Ирска и можност со победа да патува на Европското првенство во Германија. Ирците се одлична можност за такво нешто, со оглед на тоа дека ја немаат победено Португалија уште од 2005 година.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.70)

 

6719 Малта – Грција (18:00)

Слично како Португалија, шанса за поправен ќе има и селекцијата на Грција, која на неутрален терен во Австрија ќе се сретне со Малта, која само пред неколку дена загуби катастрофално од Чешка со 7-1. Она што е интересно за меѓусебните дуели на овие репрезентации е тоа што Малта единствената победа против Грција во историјата ја забележа во 1975 година, односно речиси пред 50 години.

Предлог тип: 2 & 1+ пол. (1.58)

 

5850 Саудиска Арабија – Јордан (20:00)

Додека во Европа се играат подготвителни натпревари пред почетокот на Европското првенство, во Азија веќе се играат квалификациите за идното Светско првенство. Денес се игра последното коло од втората фаза, а Саудиска Арабија и Јордан во директен дуел одлучуваат за првото место во групата. Нема сомнеж дека фаворитската улога ја имаат домашните, кои со големите вложувања во фудбалот планираат лесно да дојдат до пласман на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.

Предлог тип: : 1 & Т1 2+ (2.24)

 

5614 Конго – Мароко (21:00)

Слично како и во Азија, квалификации за Светското првенство се играат и во Африка, со таа разлика што Африканците веќе ја играат главната рунда која носи пласман на Мундијалот. Мароко како лидер во групата патува кај фенерџијата Конго и сè освен убедлива победа ќе биде големо изненадување. Полуфиналистот од последното Светско првенство во Катар никогаш во историјата нема загубено од денешниот противник.

Предлог тип: 2-2 & 2+ (1.61)

 

5611 Јужна Африка – Зимбабве (18:00)

Јужна Африка сака да се врати на Мундијалите, но групата во која играат е прилично израмнета според бодовите. Тие со победа над Зимбабве ќе се израмнат на врвот од табелата со изненадувањето Бенин и веќе наесен ќе ги играат клучните натпревари за пласман на Светското првенство. Јужна Африка нема пораз на последните четири натпревари кои ги одигра, додека Зимбабве во мечот влегува со два пораза во низа.

Предлог тип: 1 & 1+ пол. (1.75)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести