Последни подготовки пред рестартот: Не е задолжително носење маски

Се прават последните подготовки за рестартирањето на сезоната во Премиер лигата, која официјално ќе се врати на програмата на 17 јуни. Според здравствениот протокол, играчите и стручниот штаб не се принудени да носат заштитни маски додека се на стадион, а ова правило не важи само за четвртиот судија, како и за клупските лекари и физиотерапевтите.

Нема да има деца за собирање топки, туку системски ќе се стерилизираат топките. Препорачливо е да се избегнува плукање на терен и чистење на носот, воедно играчите треба да се држат до мерките за социјална дистанца при прослава на гол.

За време на натпреварите на стадионите е дозволено до 300 луѓе со ограничено движење. Дополнителна дезинфекција ќе се прави околу корнер-знамињата и во рамките од головите пред и по секој меч.

Новитет е што сите екипи на дресовите ќе носат беџови на Националната здравствена организација во знак на благодарност, а во првото коло по рестартирањето на сезоната веројатно имињата на играчите ќе бидат заменети со „животите на црномурните луѓе се важни“ (black lives matter).

По три месеци пауза, Премиер лигата официјално ќе продолжи со натпреварот Астон вила – Шефилд јунајтед на 17 јуни, истиот ден подоцна ќе се игра и дербито меѓу Манчестер сити и Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести