Арсенал во натпреварите од Лигата на шампионите на домашен терен има одличен биланс во последните години и тоа им дава оптимизам пред вечерашното прво четвртфинале против 15-кратниот европски првак Реал Мадрид.
Топчиите на својот стадион немаат загубено натпревар во ЛШ уште од март 2017 година, кога беа разбиени со 1-5 од Баерн Минхен. Тогаш на клупата на Баерн беше Карло Анчелоти, тренерот кој и вечерва ќе биде на „Емирејтс“, овојпат како шеф на стручниот штаб на Реал Мадрид.