Последниот дуел со Германија заврши нерешено, нека биде така и вечерва во Берлин

Традицијата на меѓусебните двобои вели дека македонската ракометна репрезентација никогаш не ја победила Германија, но последниот меѓусебен дуел на ЕП 2018 во Хрватска, во Арената во Загреб, заврши нерешено 25-25.

Интересно е дека пет пати сме играле со Германија, и секогаш сме давале или 23 или 25 гола.

Јасно е дека Германија е голем фаворит, плус тоа ќе има и голема поддршка од трибините, но тоа не значи дека бодовите треба однапред да им бидат впишани. Изненадувањата се можни, треба да се има верба во себе, самодоверба каква што имаат ракометарите од Фарски острови, мала земја со само 50.000 жители. Тие синоќа со храбра и борбена игра одиграа нерешено против големиот фавирит Норвешка и ги собраа симпатиите на ракометниот свет.

Да се надеваме дека и вечерва е можна таква сензација која силно ќе одекне и ќе покажеме дека не случајно сме учесници на ЕП.

- Оглас -

Најнови вести