За пет години поминати во дресот на Ливерпул, Диого Жота стана еден од омилените играчи кај навивачите. Вкупно 182 меча одигра Жота во Црвениот дрес, а вкупно постигна 65 голови.
Во последната сезона во Ливерпул, Жота одигра 37 меча и постигна вкупно девет голови. На 2 април годинава, Ливерпул на „Енфилд роуд“ играше против градскиот ривал Евертон, а Црвените беа во трка за титулата.
Беше 0:0, кога Жота направи одличен продор во шеснаесетникот на противникот, помина покрај тројца противнички играчи и постигна гол. Токму со тој гол, Ливерпул победи против најголемиот ривал Евертон со 1:0 и многу важни три бода во трката за титулата.
На крајот, Ливерпул ја освои титулата, а тој погодок против Евертон ќе се памти како последен на Жота, Португалецот кој утрово трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа.