Капитенот на турската ракометна репрезентација Кемал Кутахја и неговиот син Чинар загинаа во разорниот земјотрес кој ја погоди Турција минатиот понеделник. Повеќе од една недела се трагаше по Кутахја, а последните вести се најлоши.
„Со длабока тага дознавме за смртта на нашиот мил Кемал Кутахја, капитенот на машката ракометна репрезентација, и неговиот син Чинар. Тие беа затрупани под рушевините од зградата во која живееја, а се сруши по земјотресот“, стои во соопштението на Федерацијата.
Кутахја последниот меч во репрезентативниот дрес на Турција го одигра во октомври минатата година против Македонија, во квалификациите за ЕП 2024 година. Македонија на тој меч победи со 36:27.
Başımız sağ olsun. pic.twitter.com/VDT1NMeAky
— Türkiye Hentbol Federasyonu (@Hentbol_Fed) February 13, 2023