1301 Вилјареал – Барселона (16.15 часот)
Ова е меч кој требаше да се игра во Мајами, но по реакциите сепак Ла Лига се откажа од намерата и ќе се игра на „Ла Керамика“ во Валенсија што секако е подобра опција за Жолтата подморница. Вилјареал игра добро сезонава, трети се на табелата, имаат серија од пет лигашки победи по ред и ќе пробаат да ја запрат Барселона. Ова е дуел на најефикасниот напад (Барса) и најцврстата одбрана во лигата (Вилјареал). Традицијата е на страна на Барселона, Каталонците ги добија последните шест гостувања против Вилјареал. Вилјареал 18 години нема победа над Барса на својот стадион.
Предлог тип: 2 & 3+ (2.15)
1009 Астон вила – Манчестер ј. (17.30 часот)
Јунајтед има четири меча по ред без пораз во Премиер лигата, но Вила е во налет има шест триумфи едноподруго во првенството и трета е на табелата. Манчестер е поефикасен тим, но има и многу повеќе примени голови од Астон вила. Гостите ќе бидат ослабени со отсуствата на Африканците Мбеумо и Диало, суспендиран е Касемиро, повредени Мегваер и Де Лихт. Астон вила три години не знае за победа над Црвените ѓаволи, во минатата сезона на двата меча не успеаја ни гол да му дадат на ривалот.
Предлог тип: 1-2 I & 1-3 II (2.24)
1809 Хајденхајм – Баерн (17.30 часот)
Хајденхајм е претпоследен на табелата со 11 бодови на 14 меча, а ја има најслабата одбрана во Бундеслигата со примени 30 голови, што не е добро во пресрет на битката со убедливо најсилниот напад и најсилниот тим во Германија. Баерн даде дури 51 гол на 14 средби и одбраната на Хајденхајм ќе биде на маки. Баварците се сигурни на чело на табелата, но нема да се опуштат, ќе пробаат со победа да ја завршат годината. Досегашните меѓусебни дуели најавуваат голеада, секогаш било со барем четири погодоци.
Предлог тип: 2 & 3-5 (1.75)
3005 Фиорентина – Удинезе (18.00 часот)
Фиорентина мора да почне да победува ако сака опстанок во Серија А. Виолетовите досега одиграа 15 мечеви и уште немаат победа, а заедно со Торино имаат најмногу примени голови. Ова им е една од последните шанси да почнат да фаќаат приклучок, нов пораз може да биде кобен за нив. Удинезе е тим кој ретко игра нерешено, само трипати во 15 дуели. Удинезе лани победи во Фиренца, но сега ситуацијата е специфична и ќе налетаат на тим кој бара сламка за спас.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.05)
5151 Мароко – Комори (20.00 часот)
Со овој натпревар почнува Африканскиот куп на нации. Мароко е еден од најсилните тимови во Африка, плус тоа е домаќин и не би смеел да киксира против тим кој е тотален аутсајдер. Во нивната група се и Мали и Замбија, па ова е меч на кој би било чудо ако Мароко не победи. Кај Мароко повреден е напаѓачот на Лил, Игамане, стартер во шпицот треба да биде Ен-Несири. Мали повреди имаат и Хакими и Амрабат, но дали ќе играат, ќе зависи и од процената на селекторот дали може да победат и без нив, бидејќи ќе им бидат попотребни на наредните мечеви.
Предлог тип: 1 & 0-3 (1.80)

