Последниот римски гладијатор се сели преку Барата?

По завршувањето на 18-годишната приказна со Рома, Даниеле де Роси стана слободен играч, а летниот преоден рок го користи да најде нов клуб каде што ќе ја продолжи кариерата. Тој потврди дека нема да заигра за друг италијански клуб, а не сака да игра ниту во Европа.

Иако беше најавено дека ќе го облече дресот на аргентинскиот гигант Бока јуниорс, Де Роси во последен момент ја сменил одлуката, па сега се чека негово пристигнување во МЛС-лигата. Клубот со кој наводно ги договорил условите е Лос Анџелес, градскиот ривал на Галакси, каде што настапува Златан Ибрахимовиќ.

Екипата на Ел-Еј е лидер на табелата во Западната конференција со 37 бода по 16 одиграни натпревари, а со ангажманот на искусниот Де Роси ќе им пораснат амбициите да се борат за шампионската титула. Најголема ѕвезда во клубот е Карлос Вела, поранешен фудбалер на Арсенал и Реал Сосиедад, кој воедно е и прв стрелец во лигата со 16 погодоци, додека асистирал на 10 погодоци, што го прави и прв асистент во шампионатот на САД.

- Оглас -

Најнови вести