Последниот шампионски танц на Мајкл Џордан беше на денешен ден, и тоа со најпознатиот поен во историјата на НБА-финалињата (Видео)

На денешен ден точно пред 25 години, Мајкл Џордан со шутот во последните секунди од мечот му ја донесе шестата шампионска титула на Чикаго булс.

На 14 јуни 1998 година, во преполниот „Делта центар“ во Солт Лејк сити, Мајкл Џордан го имаше последниот шампионски танц. Во шестиот меч од финалната серија во НБА-лигата, Чикаго имаше негатива од 86:85 против Јута џез на 21 секунда до крајот и топката во последниот напад беше во рацете на Џордан.

Тогаш летечкиот Мајкл го постигна најпознатиот поен во историјата на НБА-финалињата, со кој му ја донесе шестата шампионска титула на Чикаго.

Џордан со одличен дриблинг го испрати Брајон Расел на паркетот, а потоа погоди и ја замолкна публиката во „Делта центарот“. Тој го заврши мечот со 45 постигнати поени.

Токму тоа беше неговиот последен шут во дресот на Чикаго булс, со кого ги освои сите шест шампионски титули.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести