Последните 13 меѓусебни меча играат во комбинација „НГ“, а одличен е коефициентот традицијата да продолжи

Џенова е во нејверојатна лоша низа и има 23 кола без ниту една победа во Серија А. Поради овие резултати, Џенова има само 16 бодови од 26 меча и е на претпоследното место на табелата, со мали шанси да се спаси од испаѓање.

Во Џенова вечерва гостува шампионот Интер, кој брка освојување на три бода за да се врати на чело на табелата.

Во изминативе шест и пол години, Џенова и Интер имаат одиграно 13 мечеви, во кои традицинално играат натпревар во кој една од двете екипи нема да даде гол. Во овие 13 средби, Интер има 10 победи во кои Џенова не успева да постигне ниту еден гол. Од друга страна, во овој период Џенова се радувала на три меча и во тие три дуели, Нераѕурите не погодиле ниеднаш. Во Sport Life понудата за да биде НГ и вечерва нуди одличен коефициент од 1.88

Освен 13-те меча по ред со комбинација НГ, уште поголема е традицијата дека овие клубови меѓу себе не играат нерешено. На последните 17 дуели, Интер има 12 победи, Џенова се радувала пет пати. Последен пат било без победник во мај 2013 година, кога на дуелот во Џенова резултатот бил 0:0.

- Оглас -

Најнови вести