Последните четири меѓусебни дуели завршувале само со еден разлика

Женските ракометни репрезентации на Шпанија и Германија денеска се во улога на фаворити во дуелите против Чешка, односно Полска, во третото, последно коло од групната фаза на Европското првенство. Шпанија е без победа само со еден бод по првите две кола, па едноставно никако не смее да загуби од Чешка.

Германките еднаш се израдуваа во досегашните две кола, но доколку киксираат против Полска, ќе паднат на последното место во групата. Дека може да биде драматично до последната секунда, потврдуваат и резултатите од последните четири меѓусебни средби, кога на крајот една од двете репрезентации победувала само со еден гол-разлика. Во тие драматични дуели, три пати Панцерите биле поуспешни, а еднаш се радувала Полска.

Во останатите два денешни дуели, во борба за првото место во групната фаза ќе се сретнат: Романија – Норвешка и Русија – Шведска.

 

- Оглас -

Најнови вести