Последните пет меча на Манчестер ј. и Челзи се копија еден на друг, Ѕвезда има 10 од 10 против ривалот во финалето

1002 Манчестер јунајтед – Челзи (21 ч.)

Челзи ја има најлошата сезона во последните две децении и не само што нема да игра во Европа следната сезона, туку ќе заврши во долниот дел од табелата. За разлика од нив, Манчестер јунајтед е на чекор за дефинитивно обезбедување место во Лигата на шампионите за следната сезона.

Во последните пет меѓусебни дуели на овие екипи, речиси секогаш е исто, а тоа е да биде нерешено и да биде од 0-2 гола.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.75)

 

1371 Мајорка – Валенсија (19:30 ч.)

Мајорка е 12-та, а Валенсија на 13-тото место, но разликата е голема затоа што домаќините имаат обезбедено опстанок, а Валенсија се бори да не испадне. Мајорка игра многу дефанзивно и најважно ѝ е да не прими гол, а ако може, ќе постигне.

На Валенсија може злато вреден да им биде секој бод до крајот, па сигурно Лилјаците ќе се борат да не загубат.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.55)

 

3130 Црвена ѕвезда – Чукарички (19 ч.)

Финале на куп, каде што јасно е дека Црвена ѕвезда е апсолутен фаворит за освојување двојна круна. Само пред еден месец, Црвено-белите убедливо со 4:0 го победија Чукарички во првенството, но ова е финале каде што инспирацијата е посебна.

Традицијата вели дека Црвена ѕвезда победила во сите 10 претходни средби против Чукарички и дури седум пати тоа било без да прими гол. Овојпат може да се очекува многу поголема борба со погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.82)

 

2602 Дегерфорс – Хамерби (19 ч.)

Дегерфорс во девет меча нема ниедно реми, а кога игра дома, е со три победи и два пораза. Хамерби е очаен гостин и во пет меча има само едно реми. Неверојатен е фактот дека Хамерби има дури 12 победи и само еден пораз во последните 13 средби со Дегерфорс. Во тој период, дури девет средби завршиле со 4+ гола, што значи дека треба да се очекуваат погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (2.02)

 

1923 Сервет – Базел (20:30 ч.)

Сервет е во добра форма и има четири победи и едно реми во последните пет кола. Базел до скоро беше фокусиран и на мечевите од Лигата на Европа, каде што за малку не влезе во финалето.

Традицијата вели дека дури пет од последните шест средби на овие клубови завршиле нерешено. Првенството во Швајцарија е познато по тоа дека средбите изобилуваат со погодоци, па треба да е интересно.

Предлог тип: 1Х&3+ (1.93)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести