Лаутаро Мартинез со четирите голови кои ги постигна вечерва за Интер на гостувањето во Салерно против Салернитана, испиша историја, а и продолжи една аргентинска голгетерска низа.
Напаѓачот на Интер е првиот фудбалер во историјата на италијанската Серија А ко постигнал четири голови на натпревар на кој во игра влегол од клупата за резерви. Лаутаро на терен првпат стапна во 54-та минута, а осум минути подоцна го почна незаборавното голгетерско шоу.
Инаку, последните тројца фудбалери кои направиле „покер“ на меч во Серија А во дресот на Интер се Аргентинци. Пред Лаутаро, тоа им појде од рака и на Мауро Икарди во 2018 и на Диего Милито во 2012 година.
Пред Мартинез, последен играч со четири гола на едно гостување во италијанската беше Дуван Запата од 2019 година на мечот Фрозиноне – Аталанта.