Баерн Минхен без проблеми стигна до јубилејната 10 титула во низа во германското првенство и тука немаше никакви драми. Немаше дилеми ни дека Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен ќе играат во Лигата на шампиони, но последното место кое води во елитното друштво ќе се решава во последното коло, кое се игра попладнево.
Сите девет меча од 34 коло во Бундеслигата се од 15:30 часот, а Лајпциг гостува кај Арминија Билефелд со желба да го задржи четвртото место на табелата и да биде дел од ЛШ следната сезона. Петиот Фрајбург заостанува два бода и гостува кај Баер Леверкузен, но ако освои барем бод, не само што нема да игра во ЛШ, туку може да остане и без Лигата на Европа.
Унион во Берлин ќе игра со Бохум и со победа, ќе има гарантирано место во Лигата на Европа, додека Келн мноуг веројатно дека ќе игра во Конференциската лига на УЕФА.
Во зоната за испаѓање е јасно само дека Гројтер Фурт веќе е второлигаш. Арминија Билефелд има теоретски шанси да го избегне претпоследното место на табелата кое носи директно во Цвајте затоа што со 27 бодови, се надева да го стигне Штутгарт кој е со 30 бодови и е на 18-тата позиција, која води во плејаутот.
Штутгарт дома игра со Келн и доколку ги освои трите бода, а Херта загуби на гости кај Борусија Дортмунд, ќе се спаси и од плејаутот, а тимот од Берлин ќе стравува за прволигашкиот статус.
Многу комбинации, многу пресметки, а се ќе се знае по завршување на денешното последно коло во Бундеслигата.