31.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Последно мундијалско танго на Меси: може да постави неколку рекорди, но само една работа му е во мислите!

Не е спорно дека Лионел Меси е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, но тој како круна на кариерата сака да освои Светско првенство, со што би се запечатил во историјата како еден од најдобрите и ретките кои ги освоиле сите најголеми трофеи.

Со самиот настап во финалето, Меси ќе стане фудбалер со најмногу одиграни мечеви на Мундијалите, ќе има 26, еден повеќе од Лотар Матеус, а ако игра повеќе од 24 минути, ќе го надмине Паоло Малдини по минутажа на светските првенства. Ако даде гол, ќе биде единствен што погодил во осминафинале, четвртфинале, полуфинале и финале. Со победа, ќе се израмни со рекордот на Мирослав Клозе со по 17 победи на СП.

За Меси ова е последен мундијалски меч во неговата кариера, не го интересираат другите рекорди и лични признанија, не сака да има уште едно разочарување како во 2014 година кога го загуби финалето. Попладнево е најважниот натпревар во неговата кариера, светот чека.

- Оглас -

Најнови вести