Последно Суперкласико за Тевес?

Најлутите аргентински ривали, Бока јуниорс и Ривер плате, вечерва од 22.45 часот ќе се сретнат во ново Суперкласико, а тоа може да биде и последно дерби во кариерата за Карлос Тевес. Популарниот Апачи откако се врати во роднага земја од Кина, има дадено само 7 гола на 24 меча и сега често е резерва во тимот на тренерот Мауро Зарате.

Тевес, кој некогаш беше во редот на елитни светски напаѓачи, има 34 години и можеби последен пат ќе игра на „Ла Бомбонера“ против градскиот ривал од Буенос Аирес. Наредниот првенствен меч на овие клубови ќе биде кон крајот на 2019 година.

Невообичаено, но вечерашната пресметка меѓу Бока и Ривер не е најважниот дуел за двата тима. Главниот тест им е во среда, во реваншите од четврт-финалето на Копа Либертадорес. Бока игра со бразилски Крузеиро и брани предност од 2-0, а Ривер го пречекува Индепендиенте, откако на гости одигра 0-0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести