Атлетико Мадрид, по сите изгледи, не заврши со летното пазарење. Диего Симеоне подготвува уште едно изненадување. Шпанскиот вицепарк наводно постигнал договор со Валенсија околу нивниот напаѓач Родриго Морено. Јорганџиите ќе ги добијат услугите на шпанскиот репрезентативец за сума од 60 милиони евра, поточно двојно помалку од клаузулата на Родриго.
Фудбалерот на Лилјаците, кој минатата сезона постигна 15 гола во сите натпреварувања, денеска не се појавил во тренинг-центарот на Валенсија бидејќи се подготвува за трансферот кој треба да се реализира деновиве.
Со тоа Симеоне ќе добие уште едно квалитетно засилување во нападот, знаејќи дека на располагање ги има уште Диего Коста, Алваро Мората и рекордната аквизиција Жоао Феликс.