Последното збогум за Диого Жота (Фото)

Семејството, пријателите, сегашните, но и поранешните соиграчи, навивачи, делегации од многу клубови  денеска се во Португалија, да им дадат последна почит на Диого Жота и на неговиот брат Андре Силва, кои загинаа во сообраќајна несреќа.

Цела делегација од Ливерпул, клубот во кој настапуваше Жота пристигна во Португалија на погребот. На чело беа тренерот Арне Слот како и двајцата капитени Робертсон и ван Дајк. Тие носеа букети во облик на дресови на кои беа бројките 20 (бројот на дресот на Диого) и бројот 30 (бројот на дресот на Андре).

Таму беа и Џо Гомез, Алексис Мек Алистер, Диого Далот, Рубен Дијас, Бернардо Силва…

- Оглас -

Најнови вести