Послушајте ги „прогнозерите“, тие типуваат „кецови“ на Челзи, Интер и на Бенфика

Играчите на Спортската прогноза со нетрпение ги очекуваат неделните дуели со надеж дека би можеле да комплетираат детален погодок, кој носи и убави награди.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

Недела ги носи средбите Нотингем форест – Њукасл, Ница – Лил, Монпелје – Брест, Челзи – Арсенал, Хетафе – Жирона, Хајденхајм – Волфсбург, Интер – Наполи и Бенфика – Порто, кои се дефинитивно поинтересни од саботните.

Според прогнозерите, Челзи, Интер и Бенфика, кои се домаќини, се многу поблиску до триумф на дерби натпреварите во Англија, Италија и во Португалија.

Челзи е домаќин на Арсенал во дуел на лондонските ривали коишто имаат по 18 бодови во досегашниот дел од Премиер лигата. Според досегашните прогнози, Челзи ја има улогата на фаворити и над 40 отсто од прогнозерите очекуваат триумф на домаќините. Во триумф на Арсенал веруваат помалку од 30 отсто од оние кои типуваа.

Во италијанското дерби меѓу Интер и Наполи речиси и да нема дилеми. Над 70 отсто чекаат „кец“ и победа на актуелниот италијански првак. Во триумф на Наполи веруваат помалку од 10 отсто.

Бенфика го пречекува Порто во првенството на Португалија. Прогнозерите многу повеќе веруваат во домаќинот Бенфика, за кој сметаат дека има над 55 отсто шанси за победа.

- Оглас -

Најнови вести