Во светот на тенисот е поставен уникатен рекорд. Oдигран е тениски меч меѓу највозрасните играчи во историјата според комбинираната возраст. Мечот се одигра на Светското првенство за ветерани на Бол, Хрватска.
Американецот Артур Линд и Австралиецот Хенри Јанг одиграа натпревар како највозрасни противници во историјата на тенисот. Јанг има 102 години, а Линд 97, што значи дека нивната комбинирана возраст изнесува 199 години.
Меѓународната тениска федерација (ИТФ) го потврди овој рекорд со објави на социјалните мрежи.
View this post on Instagram