Напаѓачите во италијанското првенство дефинитивно не беа расположени во последното одиграно коло. На програмата беше седмото коло, кое ќе се запише како најнеефикасно во историјата на Серија А откако лигата се прошири на 20 клуба во сезоната 2004/2005 година.
Само 11 гола беа постигнати во десетте натпревари одиграни во претходниот викенд. Ова значи дека во просек имало 1,1 гол по натпревар. Претходниот негативен рекорд беше 13 гола, што се случи двапати – во сезоната 2004/2005 и 2022/2023 година.
Пет натпревари беа одиграни без голови, а колку беше неефикасно сведочи фактот дека натпреварот помеѓу Милан и Фиорентина, кој заврши 2:1, беше најефикасен.
Кога лигата имаше 16 екипи, во сезоните 1968/69 и 1979/80, имаше помалку голови во колото, а беа постигнати само шест.