Поставен нов светски рекорд, беа изведени дури 56 пенали за да се дознае победникот (Видео)

Екипите на МС Димона и Шимшон Тел Авив одиграа меч за историја. Ова беше дуел од плејофот во израелската трета лига, а победникот требаше да се реши со пенали.

Неверојатна драма се случи во пенал-рулетот затоа што требаше да се изведат дури 56 удари од белата точка пред да биде познат победникот. На крајот, домашната екипа се радуваше со 23:22.

Со овие 56 изведени пенали беше срушен досегашниот светски рекорд од мечот меѓу Вашингтон и Бедлингтон кога беа изведени 54 пенали, а победникот славеше со 25:24.

- Оглас -

Најнови вести