-0.2 C
Skopje
четврток, 18 декември 2025

Поставен светски рекорд, холандскиот тим направи осум замени на еден меч и сите беа регуларни

Незапамтена ситуација се случи на меч од холандскиот куп, кога еден тим направи дури осум замени и сите беа регуларни. Ова е прв пат во историјата на фудбалот, еден тим да смени осум фудбалери на еден дуел.

Необичниот подвиг го направи тимот на Го Ахед Иглс и тоа во победата над Рода, по подобро изведување на пенали, откако во регуларните 90 минути беше 1:1.

Тренерот на ГА Иглс направи дури осум замени благодарение на таканаречената „бела замена“, односно „бесплатна замена“ кога екипата може да ја направи во случај повреда на главата на некој фудбалер на противничкиот тим.

Оскар Силверстон имаше судар со противнички играч по кој двајцата фудбалери се здобија со повреди на главите и беа заменети. Тоа значи дека излегувањето на Силверстон од игра не се број во стандардните пет дозволени замени, а ГА Иглс доби право на уште една замена поради замената која ја направи противничкиот тим.

Тоа значи дека тренерот на ГА Иглс ги направи петте дозволени замени, потоа една замена поради повреда на глава и една поради повреда на глава на противнички играч (бесплатна замена), додека последнарта осма замена е онаа која им следува на секоја екипа, доколку на мечот се играат и продолженија.

- Оглас -

Најнови вести