Одбојкарскиот тим на Небраска одигра историски меч на преполниот „Мeморијал стадион“, кој е дом на НФЛ-тимот на Небраска.
Над 90.000 луѓе дојдоа на стадионот на мечот кој го доби домашниот Небраска против Омах со убедливи 25:14, 25:14, 25:13. Овој меч ќе биде запишан во историјата на спортот. Ова беше женски натпревар во кој било спорт со најголема посета. Вкупно на трибините имаше 92.0003 гледачи.
Nebraska is the center of the volleyball world.
92,003. pic.twitter.com/N2WNrw5hPR
— Avid (@AvidVolley) August 31, 2023
Претходниот рекорд за најгледан женски спортски меч го држеше фудбалскиот дуел меѓу Барселона и Волфсбург во женската Лига на шампиони, кога на „Камп ноу“ имаше 91.648 гледачи. Сега студентите од Небраска се запишаа во историјата, надминувајќи го рекордот од „Камп ноу“ за малку повеќе од 350 гледачи.
What a night! Here's what it looked like from the air tonight courtesy of the Nebraska State Patrol AirWing!
Congrats #Huskers fans on a new world record! #GBR pic.twitter.com/OjcG5V7P3Y
— Nebraska State Patrol (@NEStatePatrol) August 31, 2023