Постави рекорд само по 45 минути одиграни во Премиер лигата

Ливерпул пред неколку дена го промовираше Тијаго Алкантара во нов играч на англискиот првак. Гигантот од „Енфилд роуд“ немаше проблем да плати 27 милиони фунти за доведување на искусниот Шпанец, кој пред неколку недели стана европски првак со Баерн Минхен.

Алкантара најави дека е подготвен и во Ливерпул да продолжи со освојувања на трофеи, а дека ќе биде еден од најдобрите на теренот, покажа уште во дебито. На дербито против Челзи, Алкантара влезе на почетокот на второто полувреме и го покажа целиот свој квалитет.

Само за 45 минути на теренот, Шпанецот имаше 75 додавања, што е повеќе од кој било играч на Челзи во текот на сите 90 минути. Бројката од 75 додавања е и рекорд во Премиер лигата затоа што досега никогаш немал толку многу додавања само за едно полувреме. Од тие 75 додавања, дури 90,4 отсто биле прецизни, а дури 56 биле на противничката половина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести