Светски рекорд во обложувањето: стариот има добивка од 75 милиони долари, па славеше со чирлидерките (Видео)

Хјустон астрос ја освои титулата во МЛБ лигата во бејзбол, откако во финалната серија ја совлада Филаделфија со 5-2 во победи.

Најголема причина за радост после титулата на Хјустон имаше Џим Мекингвејл, познат како Матрес Мак, кој е сопственик на синџир на мебел „Галери мебел“.

Тој пред почетокот и за време на сезоната во неколку различни обложувалници уплати вкупно 10 милиони долари дека Астрос ќе ја освојат титулата, па сега ќе му бидат исплатени дури 75 милиони, што е рекордна добивка во светското обложување. Ќар ќе имаат и неговите муштерии, секој што ќе купи мебел од кај него во износ од над 3.000 долари, парите ќе му бидат вратени.

Еве како Мак го прослави освојувањето на клучниот поен на тимот од Хјустон:

После мечот, Мак кој испиша историја беше главна ѕвезда, а невидената добивка ја прослави и со фотографија со чирлидерките на Хјустон астрос:

https://twitter.com/i/status/1589105938006347776

- Оглас -

Најнови вести