Екипата на Ал-Хилал од Саудиска Арабија со победата над локалниот ривал Ал-Итихад во нокаут фазата од азиската Лига на шампиони дојде до апсолутен рекорд според бројот на победи во серија. Тие победија на последните 28 натпревари во сите натпреварувања и го надминаа ТНС од Велс, кој во 2017-тата година победија 27-пати по ред. Претходно рекордот го држеше Ајакс со 26 победи во низа и тоа во далечната 1972-ра година.
Серијата на Ал-Хилал лесно ќе продолжи и вечерва, бидејќи на домашен терен го пречекуваат Дамац и во мечот влегуваат како апсолутни фаворити, па се чини дека крајот на оваа серија нема да се случи брзо.
Ал-Хилал последен пат загуби на 13-ти август минатата година и тоа дури после продолженија од Ал-Наср во финалето на Арапскиот куп.
„Сите во клубот се воодушевени од тоа што испишавме историја во светскиот фудбал и победивме на 28 натпревари во низа. Ова е навистина неверојатно постигнување и сакам да им се заблагодарам на сите за својот придонес.“ – рече тренерот на Ал-Хилал, Жорге Хесус.
Според специјализираниот портал СофаСкор, најдобар фудбалер на Ал-Хилал оваа сезона е Салем Ал-Давсари, кој на Светското првенство во Катар ја сруши Аргентина, која подоцна стана и светски шампион. Најдобар стрелец на екипата е србинот Александар Митровиќ со 20 гола.