33.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Постекоглу и Мурињо се главни кандидати за менаџерското место на Нотингам форест

Поранешниот менаџер на Тотенхем, Анге Постекоглу, е најсериозниот кандидат за функцијата менаџер на Нотингам форест, пренесуваат англиските медиуми.

Меѓу имињата кои се разгледуваат е и Жозе Мурињо, кој неодамна беше отпуштен од Фенербахче, а сопственикот на клубот од градот на Робин Худ, Евангелос Маринакис, изразил добри впечатоци и за тренерот на Фулам, Марко Силва.

Нотингам форест само пред неколку часа го објави отказот на својот менаџер, Нуно Еспирито Санто, кој влезе во лоши односи токму со сопственикот на клубот.

- Оглас -

Најнови вести