Менаџерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, покажа разбирање за ситуацијата на Рубен Аморим по победата од 1-0 против Манчестер јунајтед. Португалецот се соочи со сериозни проблеми поради бројни повреди, но Австралиецот нагласи дека неговиот тим веќе два месеца се носи со истите предизвици.
„Знам дека Рубен имаше потешкотии со повредените играчи, мораше да прави промени во составот и да се потпира на млади фудбалери од клупата. Добредојде во мојот свет. Тој мора да го прави тоа за еден натпревар, а замислете како е да го правите тоа два месеца“, изјави Постекоглу.
Австралискиот стратег смета дека и другите екипи ќе се соочат со слични проблеми во текот на сезоната.
„Нема да бидеме единствените со вакви проблеми. Го предвидов ова одамна. Ќе видите дека и други тимови ќе страдаат на овој начин во наредните месеци, а тогаш можеби луѓето ќе разберат колку е сложена ситуацијата низ којашто поминавме“, додаде Постекоглу.
Тој како примери ги посочи Манчестер сити без Родри и Арсенал без Букајо Сака, кои исто така имаа проблеми со отсуство на клучни фудбалери.