Постига открива: Леви го „ловеше“ Мурињо повеќе од 15 години

Даниел Леви сакал да го донесе Жозе Мурињо во Тотенхем уште во 2003 година, кога Специјалниот беше тренер на Порто, открива Елдер Постига.

Поранешниот играч на Тотенхем и португалски репрезентативец вели дека сопственикот на клубот од Лондон дури сега си ја остварил дамнешната желба да го има Мурињо како кормилар во својот клуб.

„Уште кога јас играв во Тотенхем, Леви сакаше да го доведе Мурињо за тренер. Во 2003 година се обиде да го ангажира Жозе, кој тогаш беше тренер на Порто. Дури сега Дани си ја оствари желбата стара повеќе од 15 години“, вели Постига.

Мурињо од завчера е нов тренер на актуелниот европски вицешампион, а пристигна на местото на Маурисио Покетино, кој беше сменет по петгодишната успешна авантура во клубот од Северен Лондон.

- Оглас -

Најнови вести