Човекот што постигна деби гол против Македонија стрпливо си чека Мурињо да го повика во Рим

Андреа Белоти е подготвен да чека уште 72 часа за одлука од Рим, дали Жозе Мурињо ќе го повика да игра за Рома од оваа сезона што следи и почнува денеска со првото коло во Серија А.

Долго време постои варијантата Белоти да биде нов член на Рома и тоа бесплатно, без отштета за Торино, клуб што му дозволи таква варијанта на 28-годишниот напаѓач.

Белоти е еден од најдобрите стрелци во богатата историја на популарните Бикови и постигна точно 100 гола за Торино на 232 настапи.

Интересно е дека за Италија играше 44 пати и даде 12 гола, а вечно ќе го памети првиот, односно деби голот што го даде во Скопје на 9. октомври во 2016 година во драматичен меч што го добија Аѕурите со 3:2.

Белоти најави дека ако Рома не одлучиво следните три дена да го ангажира, тогаш ќе ги разгледува и другите понуди.

Фаворит е Галатасарај, но само ако Андреа не добие повик од Мурињо да ја засили Римската Волчица.

 

- Оглас -

Најнови вести