Постигна еврогол и експресно излезе од игра поради суеверието на Мартино (видео)

Луис Монтес вчера постигна прекрасен погодок од слободен удар за Мексико во победата од 3-2 против Еквадор во мечот од пријателски карактер. „Десетката“ на Мексиканците веднаш по погодокот излезе од игра, поточно селекторот Тата Мартино одлучи да го направи тоа за да се избегне стравичната реприза од пред пет години.

https://www.youtube.com/watch?v=AqbJFPtqkAg

 

Монтес пред пет години, исто така, постигна фанстастичен гол токму против Еквадор, во дуел кој требаше да биде подготовка за Мундијалот во Бразил. Но, само неколку минути по голот, тој се здоби со скршеница на десната нога, по што не можеше да ѝ помогне на својата репрезентација на Светското првенство.

 

За да не се повтори тоа, суеверниот Мартино го седна на клупа, а Монтес остана здрав и беше испратен од теренот со овации.

- Оглас -

Најнови вести