Постигна гол кој го посвети на Атсу, а потоа судијата го имаше потегот што сите ги воодушеви

Репрезентативецот на Гана, Мохамед Кудус, вчера даде гол за Ајакс во победата над Спарта Ротердам, а потоа имаше посебна прослава. Кудус погоди од слободен удар, а веднаш потоа го соблече дресот, под кој имаше маица на која пишуваше „Почивај во мир Атсу“.

Јасно е дека Кудус не го заборави својот пријател кој загина во разорниот земјотрес во Турција. Атсу беше затрупан под една од илјадниците згради кои се урнаа во земјотресот. Неколку часа пред да биде земјотресот, Атсу даде гол за победа на својот тим, Хатај, и тоа од слободен удар, како што вчера погоди Кудус.

Откако Кудус го соблече дресот по прославата на голот против Спарта, главниот судија на дуелот, Пол ван Бекел, направи убав гест. Арбитерот дојде до Кудус, го прегрна и му прости за тоа што го соблекол дресот без да му го даде задолжителниот жолт картон за вакви ситуации.

„Судијата ми пријде и ми рече дека не е дозволено да се соблекува дресот, но дека ме разбира затоа што оваа ситуација е поголема од фудбалот“, откри Кудус.

- Оглас -

Најнови вести