Тако Фол ретко има шанса да игра за Бостонс селтикс, а ноќеска доби можност да настапи околу 8 минути и приреди вистинско шоу.
Еден од највисоките играчи во НБА лигата со 226 сантиметри погоди тројка од табла, што соиграчите од Бостон ја прославија урнебесно, а пред да го упати шутот го бодреа и коменаторите да погоди.
https://twitter.com/NBA/status/1350274220509581314?s=20
Фол стандардно е втора резерва кај Бостон на центарската позиција и малку игра, односно добива шанса кога разликата е голема во корист на Селтикс, или против нив.
Сенегалецот има 25 години и ноќеска одигра солидно со шест поени за неполни 8 минути и една луда тројка од табла што донесе радост и на клупата на Бостон и кај луѓето задолжени за преноси на натпреварите од НБА лигата.
Pure. Joy. pic.twitter.com/9xE6psBw5p
— Celtics on NBC Sports Boston (@NBCSCeltics) January 16, 2021