Постигнат договор: Лукаку се враќа во дресот на Интер

По долгите преговори меѓу Челзи и Интер, постигнат е договор белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку во новата сезона да го носи дресот на италијанскиот тим. Самиот Лукаку настојуваше да се врати во Интер, тим со кој ја освои титулата во Серија А, па сега ќе му биде на располагање на тренерот Симоне Инѕаги.

Лукаку ќе дојде на „Џузепе Меаца“ на едногодишна позајмица за плата од осум милиони евра, што е речиси двојно помалку од тоа што го добива во Челзи, каде што заработуваше по 15 милиони евра по сезона. Интер нема да има право да го откупи договорот на Лукаку на крајот од сезоната, а сите осум милиони евра ќе ги платат Нераѕурите.

Тоа значи дека Лукаку по една година ќе се врати во Челзи, со кого има договор до 2026 година. Белгискиот голгетер во Интер помина две сезони, каде што во вкупно 72 меча постигна 47 погодоци, а потоа направи трансфер во Челзи. За лондонскиот тим минатата сезона во 44 натпревари даде 15 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести