Постигнат еден од најчудните голови: Легнат на земја со глава успеа да постигне погодок (Видео)

Екипата на Милвол без поголеми проблеми се пласираше во 16-финалето на англискиот ФА Куп откако со 3:0 славеше над нисколигашот Даг&Ред.

Отпорот на гостите беше скршен по точно половина час игра, кога Михајло Ивановиќ постигна несекојдневен гол. Младиот 20-годишен напаѓач се најде во позиција да биде буквално легнат на земја, а топката да доаѓа кон него, па успеа да се снајде и со глава од лежечка позиција да постигне гол за 1:0.

Во второто полувреме Милвол постигна уште два гола и очекувано се пласираше во следната фаза од ФА Купот.

- Оглас -

Најнови вести