Милан со 2:0 ја победи Аталанта на „Сан Сиро“, а погодокот за кој ќе се збори долго време го постигна Тео Ернандес, на 15 минути пред крајот. Ернандес освои една топка пред својот шеснаесетник и тргна во напад.
Играчот на Милан претрча преку 80 метри, влезе во шеснаесетникот на Аталанта и успеа прецизно да шутира, а топката заврши во мрежата.
Ова дефинитивно е еден од најубавите индивидуални погодоци, а мал е бројот на врвни играчи кои успеале само од својата половина да ја „повлечат“ топката и да постигнат гол. Во минатото погодоци слични погодоци имаат постигнато Лионел Меси и Диего Армандо Марадона.