Изминатиов викенд се одиграа мечеви од 12 коло во Првата лига на Република Српска, а Сутјеска во Фоча го надигра Љубиќ од Прњавор со 5:1. Мечот ќе се памти по погодокот што го постигна голманот на Сутјеска, Милош Пајевиќ кој беше за 5:1.
Се играше 71 минута кога голманот на тимот од Фоча ја имаше топката во своите раце и реши да ја исфрли далеку. Топката леташе 60-тина метри, удри на теренот и тоа на место на кое имаше насобрано повеќе вода. Топката доби дополнитечно забрзување, го измами голманот на противничкиот тим и на крајот заврши во мрежата од голот.
Светскиот рекорд за погодоок постигнат од најголема далечина е во сопственост на Асмир Беговиќ кој додека беше во тимот на Стоук, успеа да постигне гол на мечот против саутхемптон од точно 91,9 метри, со што се впиша во Гиниовата книга на рекорди.