На еден нисколигашки натпревар во Белгија минатата недела беше постигнат гол кој е виден неколку милиони пати и стана хит на интернет поради неговата необичност.
Фудбалерот Јан Верхелен, кој четири години немаше дадено гол, во една ситуација сакаше само да ја шутне топката со цел да спречи контра на противниците. Шутна најсилно што можеше и се сврте за да се врати назад во одбрана.
Така тој не ни виде дека топката чини и со помош на ветерот доби необично движење и заврши во голот на противниците. Јан сфатил дека дал гол кога неговите соиграчи и публиката почнале да се радуваат.