Постои град во кој Ливерпул има повеќе фанови отколку во својот, па постои можност шампионската парада да се прави таму

Ливерпул сезонава игра одлично, што се покажа и со синоќешната победа на гостувањето во Париз против ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите. Ливерпул е доминантен и во Премиер лигата, каде што има двоцифрена предност во однос на најблискиот ривал Арсенал.

Според многумина, Ливерпул веќе може да размислува за славење на трофејот, а интересно е тоа што на социјалните мрежи се разви дебата за тоа дали шампионската парада треба да се прави во Ливерпул.

Според бројот на навивачи кои ги има, Ливерпул има повеќе свои приврзаници во Лондон отколку во матичниот град. Токму затоа фановите на Ливерпул од Лондон започнаа иницијатива шампионската парада да биде во главниот град на Англија.

Досега никогаш не се случило еден тим кој е шампион шампионската прослава да ја прави надвор од својот град. Според официјалните податоци на ББЦ, Ливерпул во својот град има 677.000 навивачи, додека во Лондон се регистрирани дури 893.000 фанови на Црвените од „Енфилд роуд“.

Во оваа акција за прославата на Ливерпул да биде во Лондон се приклучуваат и фановите од останатите градови затоа што ним полесно им е да пристигнат во главниот град отколку да бидат во Ливерпул.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести