Постои снимка: Алегри „уловен“ во казино, но дали се обложувал и на фудбалски мечеви?

Обложувачкиот скандал во Италија уште трае. Откако беше откриено дека фудбалерите Николо Фаџоли, Сандро Тонели и Николо Заниоло се фатени во обложување на фудбалски и тениски мечеви, најнов на листата се најде и тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Папарацо-новинарот Фабрицио Корона, кој прв го откри овој скандал, објави дека и Алегри е вмешан во скандалот. Наводно, Алегри се обложувал на мечеви од Серија Б, и тоа преку пријател кој уплатувал ливчиња место него.

Алегри бил снимен во едно казино во Монте Карло, и тоа за време на пандемијата со корона-вирусот.

„Постојано се обложуваше. Еднаш освои 30.000 евра и му даде три илјади евра на човекот кој беше до него и му рече дека тоа е за обложувачко ливче. Неговиот пријател го уплати ливчето место него. Додека беше во казиното, многу се обложуваше на мечеви од Серија Б“, е тврдењето на „поткажувачот“ на папарацото Корона.

Обложување во казино не е проблем за ниту еден фудбалер или тренер, но не е дозволено да се обложуваат на фудбалски натпревари.

- Оглас -

Најнови вести