Постои спорт кој се игра веројатно само во Русија, се вика регбол (Видео)

Во Русија повеќе од 20 години се игра спорт кој е мешавина од кошарка, рагби и борење. Се игра на кошаркарски терен, играчите се облечени како борачи, а топката ја водат како во рагби. Нема судење на чекори, се трча со топка без таа да се тапка и задачата е да се даде кош, но одбраната е груба.

Од ноември 2003, во Русија има и Федерација по регбол. Играат 22 екипи, а првак сезонава стана тимот Руски медведи.

НБА-тренерот Стив Кер, кој во минатото беше кошаркар, кога виде снимка од регбол-меч, искоментира дека вака изгледале гостувањата кај Њујорк никс во 1994 година.

 

- Оглас -

Најнови вести