Шпанскиот третолигаш Унионистас од Саламанка направи вистинска сензација и се пласира во осминафиналето на шпанскиот Куп на кралот, откако попладнево го елиминира Виљареал на пенали.
Овој натпревар првично се играше вчера, но беше прекинат после завршувањето на регуларните 90 минути поради проблеми со електричната енергија. Во регуларното време мечот заврши 1-1, а денес се играа продолженијата во кои немаше погодоци, а потоа и пеналите. Унионистас кој е формиран во август 2013-тата година го доби дуелот со 7-6 на пенали и го постигна најголемиот успех во клупската историја.
https://twitter.com/UnionistasCF/status/1744394067289444633