Потег на вечерта, можеби и на сезоната во НБА: бек на Булс заби преку џинот Вембањама (Видео)

Во НБА лигата се одиграа девет натпревари, а најинтересните беа во Чикаго и Сакраменто каде во драматични завршници, победуваа домашните екипи.

Булс го совладаа Сан Антонио со 114-110, домашните направија пресврт, последната четвртина ја добија со 32-15, а јунак на средбата беше Коби Вајт кој беше трети стрелец во својот тим, но го постигна клучниот кош за водство на Биковите од 111-110. Вајт успеа да положи покрај Виктор Вембањама кој е 25 сантиметри повисок од него.

Но, тоа не беше потегот на вечерта, туку само го охбари Вајт во следниот напад да направи нешто лудо. Вајт при резултат 111-110 успеа да забие преку францускиот џин за воодушевување на публиката и победа на Чикаго. Инаку за Вајт тоа беше само второ забивање сезонава.

Сакраменто кингс го победи Мајами со 128-123 и тоа по две продолженија, што за Кралевите е петта победа по ред. Во криза се Њујорк кој врза три порази едноподруго и Далас кој се мачи без Дончиќ, а сега и без Ирвинг кој ќе паузира една-две недели.

- Оглас -

Најнови вести