Потег на Зидан кој го разлути Перес и може да донесе отказ за Французинот

Реал Мадрид лошо ја започна сезоната. Две нерешени средби во првенството, а потоа и пораз од ПСЖ во првото коло од Лигата на шампиони е биланс кој не го очекуваа челниците на Кралскиот клуб. Одбраната на Реал е очајна, бидејќи во пет дуели прими осум гола.

Освен слабата дефанзива, на дуелот во Париз се покажа уште една слабост и тоа во нападот. За прв пат по 15 години, Реал во 90 минути не упати ниту еден прецизен удар кон голот на противникот. За претседателот на Реал, Флорентино Перес дополнителна нервоза донесе потегот на тренерот Зинедин Зидан. Стратегот на Реал реши да им даде одмор на првотимците и еден ден не тренираа.

Перес бил многу лут по оваа одлука за одмор, бидејќи не е јасно како може да се даде пауза на играчите кои го одиграле еден од најлошите мечеви во последните 15-тина години.

Реал Мадрид утре гостува кај Севилја, во меч кој може да ја одлучи иднината на Зидан. Според некои шпански медиуми, местото на Зидан е нестабилно, па евентуален пораз, може да донесе и смена на тренерската клупа на „Сантијаго Бернабеу“.

Коефициентите во Sport Life, најавуваат неизвесен и израмнет меч меѓу Севилја и Реал Мадрид, бидејќи за победа на двата тима коефициентот е 2.60. Комплетната понуда за обложување на средбите од шпанското првенство може да ја погледнете ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести