0.8 C
Skopje
петок, 19 декември 2025

Потег за памтење: Во финалето на Арапскиот куп постигна „гол ракета“ со шут од над 50 метри (Видео)

Репрезентацијата на Мароко го освои пехарот во Арапскиот куп откако во драматичен меч со 3:2 славеше над Јордан во финалето кое се играше на стадионот „Лусаил“ во Доха.

Финалето беше вистински фудбалски спектакл, а Мароко до победата стигна дури по одигрување на дополнителните 30 минути, кога беше постигнат голот доволен за шампионскиот трофеј.

Иако имаше 120 минути возбудувања, потегот по кој ќе се памети ова финале се случи на самиот почеток, односно во четврата минута. Усаме Танани на спектакуларен начин со погодок од својата половина, односно од над 50 метри, го доведе Мароко до водство од 1:0.

Ваков погодок никогаш претходно не е виден во финале на ова натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести