Потег за почит: Гвардиола ја подари милионската премија на вработените во Сити

Менаџерот на новиот европски шампион Манчестер сити, Хосеп Гардиола, одлучи премијата од милион евра за освојување на тројната круна да ја подели на вработените во клубот, пишува весникот „Дејли мејл“.

Со овој џентлменски потег им се заблагодари на сите вработени во клубот бидејќи и тие имаат свој удел во освојувањето на тројната круна.

Манчестер сити минатиот викенд со победата од 1:0 над Интер за првпат во историјата триумфира во Лигата на шампионите, претходно ја освои титулата во Премиер лигата, а го освои и ФА купот.

- Оглас -

Најнови вести