Селекцијата на Турција синоќа во пријателски меч со 3:2 ја совлада Германија на „Олимпискиот стадион“ во Берлин, а пред почетокот на мечот, турските фудбалери направија потег со кој ги воодушевија сите.
Вообичаено, фудбалерите на теренот излегуваат со мали дечиња и девојчиња, кои синоќа се појавија во стандардна опрема во ладната берлинска ноќ.
Турските репрезентативци приметија на дечињата им е ладно, па веднаш ги соблекоа своите тренерки и им ги прекрија дечињата со нив.
Milli futbolcularımız seromoniye çıkan çocuklar üşümesin diye eşofman üstlerini çocuklara giydirdi… pic.twitter.com/38IuMgyRZH
— Serhan Türk (@turkserhan) November 18, 2023